Приказна споделена на интернет-страницата за дружење Редит, стана вистински хит на интернет.

Имено, една неодамна омажена жена објасни дека секојпат кога нејзиниот сопруг ќе влезе в тоалет, таа му ја гаси ви-фи врската, оти премногу време минувал внатре. Она што ја направи објавата вирална, е образложението на сопругата.

Причината поради која го прави тоа е тоа дека таа е убедена дека тој со часови седи во тоалетот, за да ги избегне семејните обврски. Според пишувањата, тие двајца имаат и мали бебиња.

Секојпат кога ќе побарам нешто од него, тој оди в тоалет. Просечната „сесија“ му трае 25 минути, па јас морам сама да вршам 80 отсто од обврските околу децата, додава жената.

Поради тоа, кога сопругот ќе се задржи повеќе од 10 минути заклучен в тоалет, таа му го исклучува интернетот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.