Скандалот на Јелена Карлеуша се префрли и во образовните институции. Српската пејачка на својот Инстаграм профил ја сподели дипломската работа на еден студент на Факултетот за политички науки во Загреб, на која главна тема е нејзиниот скандал.

Насловот на завршниот есејот е: „“Селебрети’ дипломатија на просторите на бивша Југославија: случај Јелена Карлеуша“. Јелена е воодушевена што нејзината ситуација му послужила на некого, и ја подели информацијата на Инстаграм.

Инаку, ова не е прв пат нејзиното име да се провлекува низ образовните институци. Пред седум години, во тестот за општа култура се нашол хитот на Јелена, и прашањето било кој библиски град се спомнува во насловот на песната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.