Научниците и психолозите сметаат дека усните се едно од најважните карактеристики на лицето. Поради тоа, кога сакате да го процените карактерот на некоја личност можете тоа да го направите според формата на усните.

Сите ние нашите мисли ги искажуваме вербално и додека го правиме тоа откриваме дел од нашиот карактер и психолошките особености.

Погледнете што кажува секоја форма на усните за карактерот на одредена личност и откријте што кажуваат вашите усни за вас.

Големи усни

Луѓето кои имаат големи усни се оние кои постојано се грижат за сите околу нив. Доколку имате вакви усни, тогаш сигурно кога сте биле помали постојано сте хранеле мачиња на улица или сте им помагале на уличните животни да најдат засолниште, а понекогаш сте ги земале и дома. Вие имате силна интуиција и родителски инстинкт и желба да им помагате на другите. Во стресните ситуации, вие првин мислите на другите луѓе, а потоа на себе. Луѓето со големи усни се најчесто најдобрите родители.

Горната усна поголема од долната

Доколку имате вакви усни, тогаш вие сте кралица на драмата. Ваквата форма на усните кажува дека вие сте емотивна, харизматична личност, којашто сака целото внимание да биде свртено кон неа. Имате високо мислење за себе и имате одлични способности тоа да им го покажувате на другите. Вие едноставно обожавате да бидете во центарот на вниманието. Исто така, вие сте личноста којашто ги кажува најинтересните шеги во друштво.

Долната усна поголема од горната

Бидете искрени, вие не сте личност којашто сака да работи во канцеларија. Вие сметате дека има многу подобри и поинтересни работи за правење од секојдневното седење на столче. Доколку имате ваква форма на усните, тогаш сте личност којашто знае што значи вистинска забава. Водите енергичен живот, обожавате да посетувате нови места, љубопитни сте, друштвени и отворени за нови работи. Вие сте тип на личност којашто ги води луѓето кон нови авантури.

Нормални усни

Луѓето коишто имаат нормална форма на усни се оние кои водат балансиран живот и секогаш наоѓаат решение за секоја задача, обврска или проблем. Доколку спаѓате во оваа група, тогаш вие се карактеризирате со тоа што имате способност одлично да ги слушате другите. Лесно прифаќате критики и го почитувате мислењето на другите луѓе. Многу е тешко некој многу да ве налути или изнервира. Но и покрај тоа што делувате сериозни вие обожавате да се шегувате и смеете.

Тесни усни

Доколку вашите усни се тесни, тогаш вие сте личност којашто обожава да биде сама. Вие одлично се справувате сами со сите проблеми и се потпирате само на себеси. Вие сте тип на личност на којашто не ѝ е потребно друштво кога оди на посета во музеј, на шопинг, на кафе во некое кафуле, а понекогаш дури и на одмор. Но, покрај тоа што ја сакате осаменоста, вие совршено се чувствувате опкружени со луѓе. Лесно наоѓате заеднички јазик со луѓето и го почитувате и цените нивното друштво.

Мали усни

Вие обожавате да кокетирате и имате палав карактер. За вас се најважни вашите чувства и вие знаете дека доколку самите не се грижите за себеси, никој друг нема да се грижи за вас. Луѓето кога ќе ве запознаат за првпат мислат дека сте себична личност, но сепак тоа не е ваша карактеристика. Вие сте посветени пријатели и им помагате на оние на коишто тоа им е потребно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.