Сјајни очи, мазна кожа, сјајна коса: секој што сака да го разубави своето селфи со софтвер во иднина мора барем да донесе свесна одлука со смартфонот на Гугл.

Компанијата минатиот четврток објави дека ќе го исклучи автоматското подобрување на сликата за фотографиите со предната камера. Според Гугл, повеќе од 70 проценти од сликите на уредите со Андроид се направени со предната камера.

Во објава на блог, Гугл соопшти дека стандардното ретуширање првично ќе биде оневозможено на Pixel 4a, новиот Pixel 4a со 5G и Pixel 5. Сликите сè уште можат да се уредуваат со филтри, но корисниците мора да донесат свесна одлука да ги користат функциите.

Ако се активираат филтрите за ретуширање на лицето, тогаш ова треба да биде „јасно обележано“, се вели во објавата. „Ако се исклучени, тогаш треба да останат исклучени. Покрај тоа, Гугл во иднина ќе го избегне упатувањето на „убавина“ во стикерите и иконите.

Треба да зависи од секој корисник што смета дека е убаво, се вели во објавата.

Според Винит Моди, Менаџер на производи во Гугл, вели дека компанијата се обиде да го разбере ефектот на филтрираното селфи што може да влијае на благосостојбата на луѓето, особено во случаите кога филтрите се вклучени стандардно.

Направивме повеќе студии и разговаравме со експерти за деца и ментално здравје од целиот свет и откривме дека кога не сте свесни дека камерата или апликацијата за фотографии нанеле филтер, фотографиите можат негативно да влијаат на менталното здравје, рече тој.

Компанијата понатаму истакнува дека „подобрување“, „разубавување“ на сликите значи дека корисниците го подобруваат или корегираат својот изглед, со што се поставуваат стандарди за некои луѓе. Ова може да доведе до тоа некои луѓе да веруваат во поинаква идеја за убавина одошто е прикажано на слика.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.