Во време на пандемија, психо-социјалната поддршка е најважна за зачувување на менталното здравје на децата, учениците и родителите. Во таа насока Министерството за образование и наука, Министерството за здравство и Министерството за труд и социјална политика во соработка со Универзитетската клиника за психијатрија воспоставија линија за помош на деца, млади и родители.

Телефонскиот број 072 912 676 е достапен секој ден од 09:00 часот до 19:00 часот и на истиот, секое лице од посочените групи може да се обрати, да постави прашања и да добие стручни одговори за сегашната состојба и вирусот, како и совети за успешно справување со одредени предизвици и ситуации кои создаваат чувство на збунетост и вознемиреност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.