Решението за да се остават цигарите лежи во нас, смета рускиот психолог.

Сите сме свесни од опасноста која никотинот ја предизвикува. Непоправливите штети по нашето здравје. Оваа лоша навика го уништува кардиоваскуларниот систем и влијае на нивото на крвниот притисок. Крвните садови кај пушачите најчесто се затворени, што доведува до срцев удар и други болести. Респираторниот систем го памети секој вдишан чад. Тој ви враќа со постојано кашлање кој прераснува во хроничен бронхит, ларингит и на крај со карцином.

Пушачите често имаат чир и гастритис. Жените-пушачи имаат цисти на јајниците, а мажите проблеми со простата.

Пушењето може да се изедначи со зависност.

Според Михаил Литвак, познат руски психолог, луѓето кои ја имаат оваа зависност се оние кои не ги развиле своите својствени способности и не ја нашле својата омилена работа. Таквите луѓе може дури и да бидат успешни, но не и во полето за кое сонувале да бидат. Тие сфаќаат дека не го постигнале она
што можеле, се чувствуваат фрустрирани и вознемирени.

Исто така, пушачите се луѓе кои не се за вљубиле и не добиле доволно среќа.

За да престанете со пушењето треба да бидете среќни. Но, само мал број луѓе ќе ги остават цигари и ќе започнат да работат на личната среќа. Сите други ќе се обидат да го решат проблемот со цигара во забите. Кога ќе видат што е проблемот, ќе биде доцна, вели Литвак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.