Конфликтите и начините за решавање на истите се честа тема во книгите на Александар Свијаш, руски психолог кој стана познат благодарение на книгите кои ги напиша како водич за совладување на основните вештини на живеење и односи со луѓето.

Свијаш е автор на 16 книги објавени во над 10 милиони примероци, а во една од нив тој понуди метода за која тврди дека може да помогне избегнување на караница во скоро секоја ситуација.

Методот се состои од два чекора.

Имено, ако некој сака да се скара со вас, тоа значи дека му е потребно нешто од вас. Нападот е често наш потсвесен начин да прикриеме подлабока причина за незадоволство. Затоа секогаш прво запрашајте се за што всушност се работи, што очекува некој од вас во одредена ситуација.

Во прашање може да биде недостаток на самопочитување, почитување, доверба, љубов, страв од нешто, внимание и слично.

Клучот е во тоа да не одговарате на провокацијата. Дајте сè од себе да се однесувате нормално и јасно да ставите до знаење дека не сакате да се карате.

Од друга страна, многу е важно за својата смиреност да не очекувате некоја посебна благодарност од личноста која се обидела да започне конфликт.

Нека ви биде доволно тоа што на мирен начин сте го добиле тоа што ви треба, вам – мир, на личноста – позитивни вибрации.

Имајте на ум дека овој метод никако не се однесува на случаите на насилство и малтретирање во семејството/врската.

Извор: Убавина и здравје

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.