Позицијата во која спиете со вашиот партнер, може многу да открие за вашата врска. Во тек на спиењето, всушност работи нашата потсвест, која не ја контролираме и токму затоа во овие моменти сме и најопуштени.

Однесувањето во сонот, кога потсвесно знаеме дека до нас лежи нашиот партнер, може многу да открие за нас самите и за партнерот.

Дали за вас сонот е само начин за да се одморите или дури и во сон изразувате љубов?

Чвор
Позиција: партнерот и партнерката се буквално испреплетени и со рацете и нозете и се допираат по разни места на телото и лицето додека спијат.

Ова значи дека сте се во свежа врска и се уште не се заситиле еден од друг. Страста е на високо ниво и ако вие се прашувате, воопшто не би се двоеле еден од друг. Сето ова е за почеток во ред, но внимавајте врската да не се претвори во опсесија.

Ангел чувар
Позиција: девојката лежи на градите на мажот

Како што навестува самото име, оваа позиција зборува за желба за заштита. Заљубени сте и врската ја градите на цврста основа. Иако сте претежно заедно, сепак си оставате време и еден на друг и не се гушите. Довербата на партнерот ви е многу важна.

Паралелно спиење
Позиција: Спиете така што сте свртени еден кон друг, но не се допирате

Паровите кои вака спијат обично се во долга врска, но тоа не значи дека страста исчезнала. Оваа позиција укажува на тоа дека партнерите се наклонети еден на друг и делат длабока љубов, па затоа го оставаат другиот да ужива во сонот без вознемирување и допирање.

Вага
Позиција: Свртени сте грб со грб и ви се допираат задниците

Исто така и оваа позиција покажува дека сте во долга врска и говори за две работи истовремено: интимност и самостојност. Рамноправни сте и немата проблеми во врската.

На ивица
Позиција: Едниот од партнерите во текот на ноќта виси преку работ на креветот, а другиот го зазема скоро цел простор.

Ова не е баш добар знак и може да укажува на тоа дека едниот од партнерите сака да избега од врската, а оној кој го зазема поголемиот дел од креветот сака да доминира во врската и се да биде под негова контрола, но не мора да значи дека сака разделба.

Лажица
Позиција: едниот партнер (најчесто мажот) лежи позади другиот и го прегрнува со рацете.

Паровите кои спијат во оваа позиција, најчесто ја минале првата фаза на заљубеност и веќе знаат како да ја изразат довербата и љубовта еден кон друг. Првиот жар малку стивнал и удобноста почнала да станува важна, но не толку важна за да се одвоите еден од друг.

Ако жената е таа која стално го прегрнува мажот, можеби е време за алар. Можно е мажот да се оладил, а таа не сака да го пушти.

Држење за дланки
Паровите кои спијат така што се држат за раце во текот на ноќта, важат за оние кои имаат најстабилна врска, изградена на меѓусебна доверба, бидејќи си даваат простор еден на друг, но сепак не се целосно разделени.

Партнерите кои спијат на овој начин не се егоистични и врската им е длабока.

И за крај напомена: Секој има своја омилена положба на спиење. Продолжете и понатаму да спиете онака како што ви е најудобно и немојте да ја менувате моменталната позиција за некоја друга која „подобро зборува“ за вашата врска.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.