Децата се најчувствителни на влијанието на другите луѓе затоа што се развиваат. А со кого сме најмногу опкружени кога сме деца? Родители! Начинот на кој родителите се однесуваат кон своите деца влијае на личноста на тоа дете во зрелоста. Елинор Гринберг, психолог, автор, предавач и советник за нарцисоидни нарушувања, објаснува дека одредени односи родител-дете во раното детство може да предизвикаат нарцисоидно растројство на личноста во зрелоста. Таа сподели три сценарија за семејно однесување кое може да предизвика такво нарушување на рана возраст и објасни како тоа влијае на развојот на личноста.
Еве 3 токсични родителски ситуации кои ги претвораат децата во нарциси:
1. Конкурентно семејство
Во оваа ситуација, детето е израснато во семејство кое е многу конкурентно и наградува само високи достигнувања. Најважната семејна вредност е: ако не можеш да бидеш најдобар, зошто да се трудиш? Љубовта е условена, кога детето е прво, најдобро – тогаш е опсипано со пофалби и внимание. Кога не е – тогаш е разочарување. Децата во овие семејства не се чувствуваат постојано сакани. Тие се чувствуваат безбедно и вредно само кога се успешни и препознаени како „најдобри“. Со ова се активира доживотна шема на бркање успех.
2. Нарцисоиден родител
Во ова сценарио, постои многу доминантен родител кој секогаш го става детето некаде „долу“. Родителот е раздразлив, лесно се лути и има нереално големи очекувања. Ако има две или повеќе деца, родителот ќе го пофали едното, а другото ќе го омаловажи. „Добриот“ може брзо да стане „лошиот“ и обратно. Никој во семејството не се чувствува безбедно и сите го поминуваат своето време обидувајќи се да го смират експлозивниот нарцисоиден родител. Покрај тоа, другиот родител често е омаловажуван. Децата кои растат во такви семејства се чувствуваат понижени и неспособни. Во подоцнежниот живот често се обидуваат да си докажат себеси, светот и родителот кој ги омаловажува дека се посебни и дека родителот згрешил. Докажувањето дека се посебни им е животна мисија, додека во потсвеста секогаш има остар внатрешен глас кој ја критикува секоја нивна грешка – без разлика колку е мала.
3. „Златно дете“
Овие родители обично се прикриени нарциси кои не сакаат да бидат во центарот на вниманието. Наместо тоа, тие се фалат со своето исклучително талентирано дете. Детето често е талентирано и заслужува пофалба, но овие родители понекогаш го носат тоа тоа до смешни размери. Тоа дете се срами од прекумерната пофалба и е оптоварено со улогата. Најчестите начини за развивање на нарцисоидни особини на личноста во детството вклучуваат фокусирање на победа по секоја цена, страв од омаловажување или родители кои ги ставаат децата на пиедестал и инсистирање да остане таму.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.