Живееме во модерно и стресно време и од ден на ден како да стануваме се подепресивни и понегативни. Луѓето како да заборавиле дека среќата е во малите нешта. Каква и да е ситуацијата, имајте на ум каква е една од најважните работи во животот – уживањето. Следните примери на мали работи кои создаваат големо чувство на среќа, ви ги донесуваме во попис кој едноставно мора да го испробате.

1. Соблекување на неудобни чевли по напорен ден.

2. Ставање на раката во вреќа ориз или грав.

3. Бакнување на дете во мек образ

4. Притискање на фолија со меурчиња

5. Вртење на перницата на ладната страна

6. Чувството кога од прва ќе ја подесите температурата на водата под тушот.

7. Каснување на првиот залак од омиленото јадење.

8. Конечно паѓање на кревет по напорниот работен ден и непроспиена ноќ.

9. Прво бакнување на некој кој ви се допаѓа.

10. Мирисот на нова книга.

11. Прва голтка кафе наутро.

12. Чувство на топлина од сонцето на кожата.

13. Одење по топла песочна плажа во вечерните часови.

14. На чиста и свежо испеглана облека.

15. Прошетка во тек на летен дожд.

16. Пливање во ладна вода на жежок ден.

17. Масажа на грбот.

18. Трчање со боси нозе по трева.

19. Мирисот по бура.

20. Галење на крзното на своето домашно милениче.

21. Голтка студена вода на жежок ден.

22. Допирање на косата по шишање.

23. Топлење на рацете пред оган.

24. Конечно да кивнете, по неколку неуспешни обиди.

25. Да слушате како преде вашата мачка додека се одмора легната на вас.

26. Мирис на кромид кој штотуку сте го ставиле во тавче со жешко маслиново масло.

27. Играње со мали топчиња или со тенок метален синџир низ прстите.

28. Миење на забите со нова четка за заби.

29. Ставање на очила откако сте ги исчистиле.

30. Чувството на пеперутки во стомакот кога се возите по удолнина.

31. Да прегрнувате некој кој ви недостасувал.

32. Одлепување на исушен лепак од кожата.

33. Доаѓање дома и облекување алишта „за по дома‟.

34. Тркалање по килим кога надвор врне дожд.

35. Спиење на чиста постелнина.

36. Откривање на пријатен мирис кој ве потсетува на детството.

37. Нежно грицкање на некој кој го сакате.

38. Мирисот на скара во моментот кога е подготвена на послужавник.

39. Отворање очи наутро и сфаќање дека е сабота.

40. Уживање со чаша вино.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.