Американската асоцијација на психијатрии официјално потврди дека константното правење на фотографии од себе, уште познато и како  селфи, е психичко нарушување.

Ваквото нарушување се нарекува селфитис и се дефинира како опсесивно- компулсивна потреба да се прават селфи фотографии и истите да се ставаат на социјалните медиуми како начин за компензација на недостатокот од самодоверба и задоволување на потребата да им се допадне на другите.

1) Рана фаза на селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден, но фотографиите не ги објавувате на социјалните мрежи

2) Остар селфитис: се фотографирате себе си најмалку три пати на ден и сите фотографии ги објавувате на социјалните мрежи

3) Хроничен селфитис: неконтролирана желба да се фотографирате деноноќно и да ги објавувате сите направени фотографии на социјалните мрежи повеќе од шест пати на ден

Експерите за објавувањето на селфи фотографии додека вежбате фитнес или додека трчате велат дека станува збор за нарцизам.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.