Едно истражување покажало дека срдечните луѓе, подготвени за разговор и соработка, имаат топли дланки, и обратно.

Но дури и човек со камено срце ќе омекне ако во рацете држи топол пијалак, тврдат истражувачите.

Психолозите ја испитувале подготвеноста на 60 волонтери за меѓусебна соработка. Наизменично им давале лосиони за раце кои загреваат или ладат, а потоа им биле давани одредени задачи што требало да ги направат во пар.

Задачите биле тешки, па волонтерите имале право да се определат дали ќе се потрудат да остварат успешна комуникација со доделениот партнер или да се повлечат и да дејствуваат исклучиво во сопствен интерес.

Се покажало дека луѓето се подготвени да се потрудат да остварат успешна комуникација кога им се топли рацете.
Постојат докази дека за време на еволуцијата во нашиот мозок се спојуваат центрите за физичкото чувство на топлина и психичкото чувство за топлина во меѓусебните односи.

Кога некој ќе каже дека е ‘загреан’ за некоја личност, тоа би можело да се сфати и буквално, бидејќи со зајакнувањето на позитивните чувства се зголемува и телесната топлина“, објаснува професорот Ленс Воркмен, специјалист за клиничка и еволутивна психологија.

За жал, овој податок многу вешто го користат маркетинг-стручњаците, кои на купувачите во супермаркетите манипулативно им нудат бесплатен топол чај или кафе, знаејќи дека така ќе бидат поподготвени да потрошат повеќе пари, дури и за работи кои реално не им се потребни.

Продавачите знаат дека ова е тактика што им носи поголем промет, дури и ако не се свесни за механизмот до кој доаѓаат.

Тие веруваат дека работата е во тоа што пијалакот е бесплатен, а всушност ќе го платат многу повеќе.

Ако сакате да стекнете нови пријатели или ако сте во потрага по совршен романтичен партнер, понудете им топол пијалак.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.