Пандемијата со новиот коронавирус има негативни последици по менталното здравје на Австријците, а зачестеноста на симптомите на депресија во Австрија, според репрезентативна студија на Универзитетот во Кремс, значително е зголемена.

Нарушувањата на сонот и симптомите на страв се исто така почести, според Универзитетот.

Симптомите на депресија се зголемиле од околу четири проценти на повеќе од 20 отсто, додека симптомите на страв кај населението се зголемиле од пет на 19 отсто.

Околу 16 проценти од населението изјавиле дека страдаат од несоница.

Резултатот од истрагата е вознемирувачки, рече авторот на студијата Кристох Пих, шеф на оддел за  психотерапија и биопсихосоцијално здравје.

Возрасните под 35 години, жени и невработени се особено оптоварени со сегашната состојба, додека оние на возраст над 65 години се помалку оптоварени со состојбата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.