Разговор.мк , онлајн платформа за анонимно советување со лиценцирани психолози која што е мрежа од над 30 лиценцирани психолози се понуди да овозможи бесплатно советување и психолошка поддршка на сите девојки чија доверба била злоупотребена од членовите на групата „Јавна Соба“.
За МКД.мк Георги Михаилов вели дека целта е да им се помогне на овие девојки и тие да сфатат дека не се сами. 

Сакаме ова да допре до што е можно поголем дел од жртвите за да знаат дека има безбедно место на кое може да добијат поддршка. За било какви дополнителни прашања сите кои имаат потреба, а се нашле во мрежата на „Јавна соба“ можат да се обратат на телефонот 078 368 313 или да пратат мејл на адресата [email protected] за да побараат помош, вели Михаилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.