Мерима Његомир е петта јавна личност во Србија која годинава починала на 68 години. Се почнало со смртта на Балашевиќ во февруари, пишува српски Курир, па Драгољуб Ѓуричиќ, Марина Туцаковиќ во септември и Маринко Роквиќ пред две недели.

Дека нивниот број на години има врска со нивното заминување од овој свет за Курир потврдува нумеролог, кој вели дека овој феномен бил судбински предодреден за Мерина, Балашевиќ, Марина и Ѓуричиќ.

Ако ја гледаме мистиката на бројот 68, тоа се генерално убави броеви, ангелски. И тоа претставува нешто што е дадено од Бога, на што не можеме да влијаемениту да го смениме. Ако на тој број гледаме низ симболиката на смртта, гледаме дека морало да се случи, како што одредил бог, вели нумерологот на Курир.рс.

– Бројот шест ги претставува длабоките емоции во нас, кои ги носиме од детството, а сме ги криеле. Тие вклучуваат стрес, семејни конфликти, лоши односи со родителите, одвојување од родителите, од родителскиот дом. Тоа е стрес што не го регистрираме во раната младост, а подоцна се остварува. Тие емоции, кои во овој случај се најизразени кај Балашевиќ и Мерима, се последици од подоцнежните болести – открива нумерологот.

Вториот број, осум, исто така има позитивно значење во нумерологијата.

Ова се вклопува во животните приказни на многу од споменатите уметници.

– Ова е ангелски број кој е многу убав за здрави луѓе, за реализација на планови, носи добри вести. Сепак, кога гледаме низ смртта, тоа се однесува на еден вид олеснување. Во овој случај, Марина, како и Мерима, Маринко, Балашевиќ, па дури и Ѓуричиќ, полесно ја поднесувале смртта отколку агонијата низ која поминувале со месеци, па и со години. Смртта со насмевка на лицето … Треба да се нагласи дека осум значи дека одат кај ангелите, во рајската населба. Тие беа наречени од Бога, така мораше да се случи. Комбинацијата од шест и осум го претставува фактот дека сите споменати во тие години буквално морале да се преселат на друго место.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.