Откако пред десетина години тогашната „А1“ ја емитуваше првата епизода од „1001 ноќ“, македонските телевизии целосно ја изменија својата програма. Нема телевизиски канал без најмалку една турска серија, кои се емитуваат од рано наутро, но и во ударните термини.

Какви вредности нудат овие серии или како влијаат врз децата кои покрај своите баби и дедовци зјапаат во овие ликови е дискутабилно, но досега никој не се заинтересирал да направи некаква ревизија или регулација на програмата.

Во меѓувреме, во последните епизоди од серијата „Ангели“ која се емитува на „Сител“, новороденче е удавено во леген. Како што пренесува „ТВ Пакет“ – „ангелите останаа запрепастени кога го видоа бебето задавено во леген со вода. Лудата мајка на една од девојките си го удавила бебенцето“.

На корисниците на социјалните мрежи кои се побунија за сцените што им се сервираат, други корисници им одговорија – дека не мора да гледаат ако не сакаат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.