Ново истражување конечно го дава одговорот на прашањето кое со децении мачи многу домаќинства. Куче или мачка? Општа социјална анкета по прв пат вклучила низа прашања за сопствеништвото на домашни миленици.

Анкетата, освен што открила дека шест од десет домаќинства имаат некој миленик, открива и кои сопственици се посреќни, оние кои имаат кучиња или оние кои имаат мачки.

Имено, сопствениците на кучиња два пати се посреќни од сопствениците на мачки, додека луѓето кои немаат домашен миленик се на второто место. Со други зборови, луѓето кои имаат кучиња се нешто посреќни од оние кои немаат домашен миленик, но се двојно посреќни од оние кои имаат мачка.

Резултатите од анкетата доаѓаат и до фрапантни откритија како оние дека сопствениците на кучињата се наклонети на брачните заедници и купување сопствени домови во споредба со оние кои чуваат мачки, а овие два фактори влијаат на задоволството и среќата во животот.

Општата анкета исто така поставила низа прашања за тоа како луѓето комуницираат со своите домашни миленици, а одговорите исто така можат да објаснат некои разлики во среќата. На пример, сопствениците на кучињата ќе побараат утеха од својот миленик кога се под стрес, ќе се играат со него и ќе го сметаат за член на семејството.

Претходните истражувања на оваа тема дале различни резултати. Истражувачкиот центар „Pew“ во 2006 година не прнашол значителни разлики во среќата меѓу сопствениците, додека студија од 2016 година исто така поголема среќа определила за сопствениците на кучињата.

Истражување до 2015 година ја поврзува присутноста на мачките во домот со недостаток на негативни емоции, но не и нужно со зголемувањето на позитивните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.