Лондонскиот блогер Бајрон Дентон на Инстаграм почна да објавува фотографии од неговиот навидум луксузен живот.

Приватни авиони, гламурозни забави, дизајнерска облека ги преплавија фотографиите на неговиот профил, но – сето тоа беше измислено. Бајрон одлучи да спроведе седумдневен социјален експеримент и да покаже колку е лесно да се лажат луѓето на социјалните мрежи и лажно да се прикажете.

Бајрон откри дека бил инспириран од јутјуберот Џорџ Мејсон, кој постирал лажни фотографии од седумдневен одмор на почетокот на годината.

Профилот на Бајрон во моментов ги следат речиси 70.000 луѓе, а фотографии во „приватен авион” има собрано 1.000 допаѓања за само седум секунди.

Тој тестираше и колку дизајнерските брендови влијаат на бројот на допаѓања, па на фотографијата што ја објави на крајот од декември доби 2.000 допаѓања, а кога на истата фотографија фотошопираше торба од Луј Витон доби 12.000 допаѓања.

 

View this post on Instagram

 

oops?

A post shared by byron (@tbhbyron) on

Тој исто така лажно објавуваше платени спонзорства, па на патувањето во Мајами, кое сам си го плати, стави хаштагови да излезе божем спонзори му го платиле.

„Сето ова ме натера да прашам дали познатите блогери денес остваруваат успех со чесност или со лажно претставување?” праша тој на крајот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.