Постојат разни новогодишни верувања, па покрај црвените парчиња од гардаробата, за кои сите знаат, важно е кој прв ви влегува во домот по Нова година.

Се верува дека тоа треба да биде висок и згоден маж кој не доаѓа со празни раце.

Она што е уште поважно, е да не изнесувате ништо од домот бидејќи тоа претставува лоша среќа.

Бидете внимателни и немојте ништо да скршите во домот, немој да работите никакви домашниработи, особено да перете алишта, бидејќи со тоа ја перете среќата.

Јадете леќа која се смета за среќна храна, затоа што има иста форма како и паричките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.