Дознајте љубопитни факти за првиот петок 13-ти.

Знаете ли дека освен петок 13-ти, во некои шпански земји го сметаат и вторник 13-ти за ден со лоша среќа. Вторник е опасен, бидејќи овој ден од седмицата се поврзува со римскиот бог на војната Марс. Луѓето веруваат дека на вторник 13-ти не треба да стапуваат во брак, да патуваат и да не го оставаат домот празен.

Стравот од денешниот ден влече корени уште во христијанството. Исус е распнат на крст во петокот и оттогаш овој ден се смета за лош, тажен.

13 лица биле присутни на Тајната вечера ноќта пред распнувањето на Исус. Неговиот предавник Јуда бил 13-от кој доаѓа на вечерата.

Стравот од петок 13-и има име – трискајдекафобиа. Зборот потекнува од грчки и е воведен како термин од американскиот психијатар и невролог Исадор Кориат.

За секој месец, кој започнува во недела, 13-от ден е петок. Во 2017 година тоа се случува два пати – во јануари и во октомври.

Најдолгиот период во кој може да нема ниту еден петок 13-ти е 14 месеци.

Над 60 милиони луѓе низ целиот свет тврдат дека чувствуваат страв од петок 13-ти. Некои од нив не одат на работа, не возат автомобил, дури и не стануваат од кревет цел ден.

Меѓу познатите личности родени на петок 13-ти се Маргарет Тачер, Семјуел Бекет, Фидел Кастро, Алфред Хичкок.

Во Франција на гости биле поканети 13 луѓе, при што последниот починал и се верува дека не треба да се викаат 13 луѓе.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.