Постојат многу жени што откриваат дека откако ќе се венчаат, ќе ги пораснат децата и ќе зачекорат во средните години, им се случува да им се појави некој „дух од минатото“. Па добиваат порака од некој поранешен партнер што ги повредил и ги оставил и сега сака да побара прошка и да ја обноват врската.

Но, што ги предизвикува мажите да се сетат на жената што ја напуштиле по 20 години? Дали мажите во 50-тите години се соочуваат со низа психолошки и општествени фактори што ги поттикнуваат повторно да размислат за своите избори?

За ова постојат само 3 причини…

Прво: Родителите им стареат или починале. Мајката што му го диктирала животот на синот сега ја губи контролата. Сега ѝ треба редовен и топол оброк, некој што ќе го држи домот „под конец“ и друга жена во домот би претставувала само предност. Родителите конечно се подготвени да го остават синот да си го живее животот.

Второ: Работата им станува монотона. Доаѓаат млади, енергични луѓе, желни да се докажат. Тој во 50-тите години веќе го достигнал врвот, па сега конечно сфаќа дека не е сè во кариерата. Се појавува страв од иднината. Кој ќе се грижи за него кога ќе остари? Оној што има жена и возрасни деца покрај себе го нема тој страв!

Трето: Годините ја рушат илузијата дека ќе најдат „сродна душа“. Мажот во 50-тите години не е веќе толку млад и снаодлив за да ѝ се допадне на некоја жена на прв поглед. Поради тоа, тој почнува да размислува за поранешните девојки, жени и начинот на кој ги освоил пред многу години.

Само што жените во 50-тите години не размислуваат исто како мажите во 50-тите. Секако, жените ги бие глас дека порано созреваат. Не е до нив, до природата е.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.