Најлошиот ден во неделата за многумина е понеделник, a причини за тоа има многу. Сепак, понеделник не мора воопшто да биде страшен.

Ви препорачуваме да го започнете понеделникот колку што е можно на помирен начин.

Започнете со бавно темпо

Иако многумина советуваат дека најтешките задачи треба прво да се направат, обидете се спротивно. Со оглед на тоа дека понеделникот е веќе доволно тежок сам по себе, оставете ги оние најтешки задачи за остатокот од неделата.

Пронајдете нешто на што се радувате

За да се радувате на понеделник, направете нешто што ќе ве направи среќни. На пример, ветете си самите себе дека ќе одите подоцна на шопинг или дека ќе изедете колач во својата омилена слаткарница.

Променете ја својата рутина

За да го направите понеделник помалку досаден, не дозволувајте секој ден да ви биде ист.

Неделата искористете ја максимално

За понеделникот да биде добар, исто така е важно и на кој начин сте го поминале претходниот ден. Затоа, неделата искористете ја до максимум.

Бидете самите себе на прво место

Последна, но не и најмалку важна работа е дека самите себе би требало да бидете на прво место, и тоа не само во понеделник. Гледајте го својот омилен филм или одете на масажа.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.