Не ги гледаме ние нив, ниту тие свиркаат по нас. Што се случило толку одненадеж?

Прочитајте го мислењето на оваа жена во зрелите години, па размислете дали се согласувате со неа…

Секоја жена доаѓа на таа возраст кога мажите стануваат рамнодушни кон неа. Во сексуална смисла и генерално. На некои жени им се случува тоа во средните години, на други кога ќе влезат во менопауза, а на некои кога ќе наполнат 30 години!

Кога мажите ќе престанат да се вртат по тебе, тоа е знак: си се запустила!

Веројатно имаш уморен и празен поглед, наслаги на колковите и стомакот, безживотна коса.

Што ти се случило? Си влегла во онаа возраст кога не ти е потребен маж! Си станала безволна кон машкиот пол, бидејќи не очекуваш ништо од нив, бидејќи те разочарале повеќепати…

Не им веруваш, твоето срце не ги бара, твоето тело не ги бара… Во тебе не постои ниту една мисла за оној „вистинскиот“ кој ќе те сака!

Твоето срце повеќе не трепери и тоа ти се гледа на лицето.

Клеопатра имала интересен лек за младоликост. Имено, за да ја одржи младоста, користела сперма од млади робови. Секако, станува збор за шпекулација и голема невистина, бидејќи тоа не ги брише брчките.

Зошто? Затоа што сè поаѓа од срцето! Сексот како механичко дејство не влијае врз подмладувањето, но затоа вљубеноста… Е, тоа е друга приказна!

Вљубената жена има специфичен изглед. Се појавува ореол од среќа, самодоверба и задоволство над неа и ја прави магична. Вљубеноста е магичната формула за младост!

И ако мене ме прашате до која возраст ѝ треба маж на жената, ќе кажам: до последен здив!

Знам дека тоа понекогаш боли. Те разочарал еден, друг, трет, навистина е тешко. Но не дозволувај да се запустиш, нека твоето срце повторно заигра, бидејќи вреди!

Вљуби се, па нека трае додека трае!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.