Многумина имаат проблеми со спиењето и страдаат од несоница, но постои еден лесен метод што може да овозможи мирен и квалитетен сон. Колку и да звучи неверојатно, пишувањето дневник пред спиење може многу да помогне за несоницата.

Како што пишува „Сити Магазин“, не станува збор за бележење на вашите навики за спиење или соништата што сте ги сонувале претходната ноќ. Овој дневник треба да биде како и секој друг, што значи дека е пожелно во него да се напише како се чувствувате, што ве мачи, кои се вашите планови за блиска и далечна иднина и сè друго што ви е интересно во тоа време.

Пишувањето дневник пред спиење е добро од повеќе причини. Како прво, тоа ви овозможува да се ослободите од сите дневни грижи на свој начин, бидејќи ќе се присилите да ги одделите важните од ирелевантните фрустрации. Кога ќе го направите тоа, сигурно помалку нервозно ќе легнете во кревет.

Во дневникот не мора само да пишувате за вашите грижи, туку и за позитивните аспекти на вашиот живот. Редовно забележувајте и за што сте благодарни, за што и кој ве прави среќни, но и за вашите идеи за подобрување на вашето секојдневие и долгорочните изгледи во животот.

Водењето дневник како овој ќе има корисен ефект врз вашето расположение, што ќе ги зголеми вашите шанси за квалитетен сон.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.