Дете на 2,5-годишна возраст заврши на одвикнување од „Пепа прасе“, откако со денови поминувало по околу 7 часа гледајќи го цртаниот филм, по што почнало бизарно да се однесува.

Ова е прв ваков случај на зависност, вели српскиот психолог Влајко Пановиќ за српски „Блиц“.

Родителите го доведоа детето поради несекојдневно бизарно однесување. Детего ги мирисало стапалата на гостите, се пикало под маса, гровтало како прасе, раскажал психологот.

Тој им препорачал да го извадат детето надвор, помеѓу други деца, различни содржини за забава и игра.

Промената следела по само неколку денови. Детето станало среќно, престанало да го бара цртаниот филм и да ги имитира ликовите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.