Третиот понеделник во јануари (оваа година 17 јануари) со години се нарекува најдепресивен ден во годината.

Теоријата за „Blue Monday“ беше воспоставена во 2004 година од Клиф Арнал, велшки психолог кој предаваше во вечерното училиште на образовниот центар на Универзитетот во Кардиф. Самопрогласениот гуру зел предвид бројни фактори, меѓу кои временските услови, долгови, времето што поминало од Божиќ и мотивацијата.

Но, „Blue Monday“ е во основа идеја на маркетинг компанија која сакаше да ја зголеми продажбата на летните аранжмани. Арнал еднаш призна дека едноставно избрал датум кога од него било побарано да го пресмета најдепресивниот ден во годината.

Прво ме замолија да смислам ден кој мислам дека е најдобар за резервација на летен одмор. Кога почнав да размислувам за мотивите да резервирам одмор, сеќавајќи се на она што ми го кажаа илјадници луѓе за време на работа или работилници, овие фактори сугерираа дека третиот понеделник во јануари бил особено депресивен, објасни тој.

Терминот набрзо стана глобално популарен – до тој степен што некои психолози предупредуваат на неговото лошо влијание врз луѓето кои навистина се борат со депресија. Иако на почетокот изгледа комплицирано и сериозно, формулата на Арнал за „Blue Monday“ нема научна основа. Поблискиот поглед на формулата [W + (Dd)] xTQ / MxNA покажува дека вклучените променливи се субјективни и очигледно ненаучни, пишува CNN.

W, на пример, означува време. D е долгот, а d е месечната плата, додека T е времето од Божиќ, а Q е времето кога сте се откажале од новогодишната одлука.

Ниту еден вклучен фактор не може да се мери или спореди со истите единици. Формулата не може да биде соодветно проценета или потврдена. На пример, не постои начин да се измери просечниот број на денови откако луѓето се откажале од својата новогодишна одлука. И времето во јануари варира помеѓу државите и континентите.

„Не знаев дека формулата ќе ја добие популарноста што ја има“, изјави Арнал за CNN. Тој исто така тврди дека водел кампања против сопствената идеја за „Blue Monday“. Кампањата беше наречена „Stop Blue Monday“. Но, се покажа дека тоа е и маркетиншки трик – овој пат има за цел да го поттикне зимскиот туризам на Канарските острови.

„Воопшто не жалам“, заклучил Арнал, кој смета дека терминот „потикнал разговор за психологијата во медиумите“. Сепак, професијата не се согласува со него. „Тоа не е вистинскиот начин да се подигне свеста за проблемите со менталното здравје“, вели д-р Андонис Кусулис за CNN.

Со кажувањето дека еден ден е најдепресивниот ден во годината, без никакви докази, ние банализираме колку сериозна може да биде депресијата. Менталното здравје е најголемиот здравствен предизвик на нашата генерација. Банализирањето е целосно неприфатливо, заклучи тој.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.