Дали селфито е само обична фотографија?

Студиите покажаа дека овој вид однесување претставува ризик за менталното здравје на младите луѓе кои поминуваат многу време на социјалните мрежи. Тоа е пред  се, пред сè, нарцизам, анорексија, стрес, негативни промени во начинот на живот и исхраната, недостаток на самодоверба, депресија…

Младите луѓе честопати се однесуваат ризично со цел да го подобрат изгледот и да се претстават во најдобро светло, загрозувајќи го сопственото здравје (прекумерно изложување на сонце заради саканиот тен, исцрпувачка диета …).

За да се достигне саканата тежина, може да се појават нарушувања во исхраната, како што се анорексија и булимија. Младите во виртуелниот свет создаваат нереална слика за себе, што може да предизвика депресија кога ќе се соочат со реалноста. Луѓето кои често „објавуваат“ селфи на социјалните мрежи имаат површни односи со другите и се чувствуваат осамено, предупредуваат научниците.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.