Едно истражување се обидува да создаде појасна слика за тоа како се поврзани пиењето, алкохолот и моралното однесување.

Научниците ги прашале луѓето што мислат дека ќе направат кога имаат морални дилеми, а потоа анализирале што прават во симулација на морална дилема во виртуелна реалност. Размислете што ќе направите во една од овие ситуации:

Количка оди по пругата кон пет градежни работници кои не можат да слушнат дека им се приближува. Вие стоите на подножјето, помеѓу количката што се приближува и работниците. Пред вас стои непознато лице. Ако го турнете непознатото лице на шините, количката ќе удри во него. Така, непознатото лице ќе умре, но петте работници ќе бидат спасени.

Што би направиле вие?

Алкохолот немал ефект врз процената на моралните ситуации, односно врз тоа како би постапиле луѓето ако се најдат во ситуација како во задачата. Ако некој одлучил да го турне непознатиот кон количката и така да спаси повеќе луѓе додека е трезен, истото ќе го стори и на пијано.

Ако луѓето одбијат да го жртвуваат животот на некој човек во истата ситуација бидејќи веруваат дека убиството е погрешно без оглед на последиците, истото го направиле и кога биле пијани.

Излегува дека иако веруваме дека алкохолот ја менува нашата личност, всушност тоа не е точно. Вие и понатаму сте истата личност по неколку пијалаци – чувството за морал останува недопрено.

И додека алкохолот може да влијае врз тоа како ги толкуваме и разбираме емоциите на другите луѓе, не можеме да го обвиниме алкохолот за нашето неморално однесување.

Иако сте пијани, вие имате ист морален компас и сте одговорни за вашите морални и неморални постапки.


Целиот текст ТУКА

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.