Комичарот Џорџ Карлин е познат по паметот, по настапи полни со пцости поради кои стигнал и до Врховниот суд и по фактот дека секогаш зборивал што мисли без оглед на последиците. Умрел пред 10 години, а неговите критики на општеството се подеднакво живи и денес како и тогаш.

  1. Еве што треба да знаете за мажите и жените – жените се луди, а мажите глупи. А главна причина што жените се луди е тоа што мажите глупи.
  2. Војна за мир е како ебење за невиност.
  3. Дали си забележал дека секој кој вози побавно од тебе е идиот, а секој кој вози побрзо – манијак?
  4. Зошто го викаат „американски сон“ – зашто мораш да спиеш за да веруваш во него.
  5. Никогаш не потценувај ја моќта на глупите луѓе во големи групи.
  6. Ако навистина сакате да им помогнете на децата, оставете ги на мир.
  7.  Секој трети на планетата има некоја психолошка болест. Еве, земете ги двајцата најдобри другари. Ако со нив сè е во ред, тогаш мора вие да сте третиот.
  8. Планетата е во ред, луѓето се сјебани.
  9. Кажи им на луѓето дека на небото има невидлив човек кој го створил светот и повеќето ќе ти поверуваат. Кажи им дека бојата не е сува и ќе пипнат за да се уверат.
  10. Мислам дека пораките за предупредување на етикетите за алкохолни пијалаци се слаби. Би требало да се повпечатливи. Предлагам: „Алкохолот ќе те претвори во ист ркаџија каков што беше татко ти“.
  11. Не се расправај со идиот. Само ќе те спушти на свое ниво и ќе те победи.
  12. Не давајте ѝ пари на црквата. Тие би требало да ви ги даваат нивните пари вам.
  13. Ако насмевката ти е чадор, дожд ќе ти го измие лицето.
  14. Во секој циник лежи разочаран идеалист.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.