Неколку жени се степаа пред самото полетување на авионот на релацијата Истанбул-Тунис.

Причината за тепачката била тоа што патниците повеќе од еден час чекале тројца други патнички да се качат. Кога на крајот влегле во авионот, патниците кои ги чекале им пререкле околу преместување на багажот во горните кабини, при што паднале тешки зборови.

Воинствените жени направиле ринг од авионот, па започнале да со корнат за коса и да се влечат за шалови.

Во еден момент, за да ја смири тепачката интервенирал пилотот кој барал да се смират патницита и да стават маски. Но набргу од зад грб добил удар во главата.

Пилотот кој се чувствувал разочаран што не успеал да ги смири, по слетувањето во Тунис ги пријавиле патниците кои биле уапсени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.