Туристичката сезона во Црна Гора никогаш не доживеала ваков неуспех, пишуваат тамошните медиуми. Затворањето на границите поради коронавирусот, како и задолжителниот карантин за дел од земјите, го уништи летото за угостителите и туристичките работници. Празните плажи се нем сведок за тоа.

Никогаш не било вака, се жалат угостителите, а сопственикот на едно кафуле покрај плажа открил дека во цела прва смена заработил само едно евро.

За македонските граѓани, исто така, засега важи правилото од 14-дневен задолжителен карантин.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.