Вселенските меурчиња го разбрануваат бистро бизнисот во Њујорк, нудејќи свеж воздух во безбедни капсули на тротоарите за клиентите кои се чуваат од коронавирусот. Пластичните шатори, кои се поставуват и спуштаат за една минута, станаа атракција во „Кафе ду Солеј“  на Менхетен.

Со сè што се случува на овој свет, јадењето во меур е едно од најдобрите искуства што можеме да ги доживееме, рече Валери Ворти, додека вечераше со двајца соработници. Тие имаат сè што е потребно – безбедно и чисто. Сè е оддалечено шест метри. Го сакам, додава таа.

Од минатата средата, рестораните можат повторно да се отворат за јадење во затворено со капацитет од 25%.

Меурчињата го привлекоа вниманието на сопственикот на Кафе ду Солеј, Ален Шевре уште во јули, сфаќајќи дека ова е една од опците како да остане во бизнисот.

фото: ројтерс/ Ксенан Мун

Со ограничен капацитет во затворените простории, Шевре вели дека 20-те места нема да бидат доволни за да обезбеди плати за неговиот готвач и другиот персонал.

Петнаесет меурчиња му заштедија на Шевру многу напор и проблеми. За 400 долари по парче, во капсулите може да седнат шест лица, а од клиентите бараат да ги резервираат преку телефон.

Семејствата го сакаат тоа. Децата го сакаат тоа. Пријателите што сакаат да се соберат го сакаат тоа, рече Шевре. Паѓаше дожд пред неколку недели, во средина на недела, истураше, врнеше. Секој што беше во тие меурчиња уживаше.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.