Крајбрежниот град Каскаис, во близина на Лисабон планира да биде прв град во Португалија кој ќе ги тестира сите 200 илјади жители дали се позитивни на коронавирус. Со тоа сака да им овозможи да уживаат во што е можно поноамлна летна сезона, и покрај светската здравствена и економска криза.

Каскаис е популарна и помалку елитистичка дестинација за одмор која ги собира богатите и славните. Со тестирање на жителите кое почна во четвртокот, се надеваат дека неделно ќе бидат тестирани околу 5.000 жители. Тестирањето ќе се одвива во соработка со една фармацевтска компанија и две приватни независни лаборатории.

Секој тест чини пет евра, а го плаќа општината и неколкумина советници, изјави заменик-градоначалничката Каскиса Мигуел Пинтуо Луз, оценувајќи дека такви иницијативи се потребни и поради довербата на луѓето, посебно кога се обидуваат повторно да ја заживеат економијата.

Многу земји размислуваат за слични масовни тесирања заради забрзување на економијата, а Португалија, која до сега има скоро 30 илјади заразени со коронавирусот и 1.277 починати, полека за ублажува мерките.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.