Во Анталија е забележана температура од 38,8 степени, што е рекорд за мај. Меѓутоа, не само што е соборен рекордот, туку температурата на воздухот во еден ден се искачила на 42,7 степени Целзиусови.

Шефот на локалниот Завод за метеорологија, Мурат Гулер изјави дека температурата во Анталија продолжува со растот.

Метеоролошките податоци во овој град започнале да се бележат пред 91 година, а оттогаш досега највисоката температура во мај била измерена во 1945-та година кога изнесувала 38,7 Целзиусови степени.

Денес во 11:19 часот го соборивме тој рекорд. Температурата се искачи на 38,8 степени. Оттогаш температурата на воздухот константно расте и достигна 42,7 Целзиусови степени“, изјави Гулер.

Улиците на Анталија деновиве се празни поради рестриктивните мерки донесени со цел да се сузбие ширењето на коронавирусот, но исто така пеколните горешини ги натераа граѓаните да останат дома.

Надлежните органи во Турција донесоа одлука според која постарите од 65 години кои имаат некое хронично заболување да им биде дозволено да излегуваат надвор само шест часа во текот на денот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.