Во наредните 11 месеци ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува со авион кон и од Велика Британија и покрај тоа што државата на 31 јануари на полноќ официјално ја напушти Европската унија, објави нискобуџетната авиокомпанија која ја опслужува линијата Скопје-Лондон.

Како што наведува „Визер“ во известувањето до клиентите, до 21 декември Велика Британија ќе продолжи да ги следи правилата и регулативите на Европската Унија и со тоа ќе нема никакви промени во начинот на кој ќе се патува кон и од таа држава во тој период.

Визер ја опслужува линијата Скопје-Лондон двапати неделно, секој вторник и сабота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.