Помеѓу 14 и 18 август, на патиштата, плажите и летувалиштата ширум Грција се очекуваат поголеми гужви од вообичаените. Денеска Грците го прославуваат големиот празник Успение на Пресвета Богородица, ден кој е прогласен за неработен. Се препорачува да се избегнува Грција до 20 август ако немате резервирано сместување, а особено ако патувате со мали деца.

Исто така, можни се и поголеми задржувања на граничните премини и на патарините, па имајте го и тоа в предвид ако овој викенд ваш избор се токму грчките плажи.

Извор: Женски магазин

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.