Дваесетишестгодишната Лин Зу Тинг од Тајван била уапсена поради „провокативно“ бикини. Лин летувала на филипинскиот остров Боракај заедно со нејзиното момче. Кога ја посетиле плажата Пука, присутните толку се шокирале од нејзиниот изглед, што нејзините фотографии ги споделиле и на социјалните мрежи. Таа носела танга бикини, кое не покривало речиси ништо од нејзините интимни делови.

Фотографиите го привлекле вниманието на полицијата, по што почнала потрагата по туристката. Таа била уапсена во хотелот каде што престојувала.

Во нашата конзервативна култура вакво нешто е невидено, изјавил шефот на полицијата.

Лин изјавила дека не знаела дека носењето на вакво бикини е забрането и дека станува збор за нејзи личен моден израз.

Таа морала да плати казна од 45 евра и да го напушти островот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.