Голем број на деца биле донесени на лекарски преглед поради проблеми со стомакот, додека возрасните воглавно имаат проблем со кожни заболувања, велат туристи кои деновиве летуваат на црногорското приморје, пренесува „Блиц“.

Според порталот, засега нема официјална потврда за епидемија на стомачен вирус, ниту пак некаква реакција од надлежните органи. Како што неофицијално дознаваат, меѓу туристите имало и случаи кои покрај стомачни проблеми, се пожалиле и на шуга.

Детето цела ноќ повраќаше, а ги има и сите останати симптоми на стомачен вирус, а како што чувме од останатите туристи, не е единствено, вели читателка која со семејството летува во Црна Гора.

Локалните жители и посетителите, вината за стомачните проблеми ја гледаат во изливањето на фекалии директно во морето, но властите на Црна Гора тврдат дека водата е со највисок квалитет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.