Туристи од Израел повторно организирано ќе доаѓаат во Охрид. Во месеците јули и август се обновува авио конекцијата Тел Авив–Охрид, се очекуваат по два чартери неделно. Израелците важат за пребирливи туристи, но и вљубеници во Охрид. Заинтересирани се за културно историските знаменитости, црквите, историјата и природните убавини.

По двегодишна пауза на брегот на Охридското езеро се враќаат туристите од Израел. Во месеците јули и август се обновува авио конекцијата Тел Авив-Охрид. Се очекуваат два чартер летови неделно. Израелците се познати по засилените мерки на обезбедување кои овие гости ги бараат, но Македонија за нив е интересна туристичка дестинација.

После долги преговори најавени се првите чартер летови за 2022 година за јули и август, од Tел Авив за Охрид. Тоа е нешто што сега можеме да го обзнаниме. Веќе се потврдени и ќе се реализираат. Повторно ќе имаме дестинации од кои што до 2019 имавме раст на туристи. Очекуваме 2022-ра да имаме 2,5 -2,6 милиони ноќевања. Дај боже да ја надминеме и таа бројка и да имаме четворка напред на девизниот прилив, тогаш сме успеале многу повеќе – вели Љупчо Jаневски, директор на АППТ.

Љупчо Јаневски

Израелците важат за пребирливи туристи, но и вљубеници во Охрид. Заинтересирани се за културно историските знаменитости, црквите, историјата и природните убавини.

Очекуваме од 20 до 30 чартери токму во оваа сезона, но се надевам дека ќе бидат повеќе. Но, и колку да бидат, тоа е добар сигнал дека се повеќе и повеќе се фокусираат на оваа дестинација. Ќе имаме и дополнителни кружни тури со израелски туристи кои што ќе остануваат во нашата дестинација два до три денови. Со првите чартер летови се надевам дека веќе ќе почне да се сервисира редовната авио линија Тел Авив-Скопје, па на тој начин ќе ја заокружиме дестинацијата во текот на 12-те месеци – додава Јаневски.

Овој туристички коридор меѓу Израел и Македонија беше возобновен во 2015 година, но прекинат во пандемијата. Пред пандемијата, во текот на сезоната околу 5000 израелци летуваа на брегот на Охридското Езеро.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.