Тринаесет години чекавме дете, а годинава на 17 февруари го добив Урош, раскажува Билјана Ранкиќ од Белград, само една од многуте верници кои го посетиле манастирот Тумане кај Голубац во Србија, и како што велат – доживеале чудо.

Немаме деца веќе тринаесет години. Кон крајот на јануари минатата година, дојдовме во манастирот Тумане на молитва за породување, која ни ја прочита монах и жена ми остана бремена во јуни. Кога дознав дека жена ми е бремена, веднаш дојдов во манастирот и му се заблагодарив на Бога. Оваа година, на 17 февруари, добив син, Урош. Сакам да им се заблагодарам и на Свети Зосим и Јаков и на овој начин, раскажува таа.

Во манастирската хроника се запишани бројни случаи за исцелувањата по молитвата за здравје прочитана над моштите на светите Зосим Синаит и Јаков од Туман. Монасите и денес ги честуваат, а голем број верници ги раскажуваат своите верувања поврзани со ова место на богослужба и неговите „чудотворни“ сили.

Според сведоштвата на верниците, утеха во овој храм пронашле луѓе кои имале проблем со рак, неможност за зачнување и тешки повреди.

Сите приказни за чудесните исцелувања што наводно се случуваат во манастирот Тумане, ги раскажаа луѓе кои веруваат дека токму тоа им помогнало да ги надминат проблемите и состојбите со кои се соочиле.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.