Пред неколку дена, американски тинејџер беше осуден на петгодишна условна и парична казна од 1.000 долари, бидејќи сакал да украде авион на американската авиокомпанија „Американ игл“ од аеродромот во Арканзас.

Тинејџерот, обожавател на ликот и делото на раперот Фејмос Декс, сакал да стигне на неговиот концерт во Илиноис. Кражбата на авионот ја планирал еден месец претходно и конечно, на 4 јули се приближил до оградата на аеродромот, ја прескокнал заштитната жица и се стрчал кон авионот.

Обезбедувњето го забележало уште кога ја прескокнал оградата, но успеале да го фатат дури откако влегол во авионот, поточно во пилотската кабина.

Она што е застрашувачко во целата приказна е тоа што младиот човек немал никакво искуство како пилот, а во полиција објаснил дека мислел оти летот со авион ќе биде лесен и дека тој ќе треба да притисне само неколку копчиња.

За среќа, тинејџерот немал можност да се увери во тоа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.