Возачите да возат одморени и да бидат внимателни при високи температури – апелира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) во рамки на летната кампања „За безбедно лето 2022“.

-Правете почести паузи, за време на паузите излезете од возилотвнимателни при високи темпертаури о, раздвижете се, напијте се кафе, вода или безалкохолни пијалаци, ако се чувствувате уморни застанете и ако имате потреба од поголем одмор, без разлика кое време од денот е – отспијте одреден временски период за да можете потоа безбедно да го продолжите патувањето, советува РСБСП.

Во препораките наведува и возачите да бидат информирани за временската прогноза и особено внимателни кога температурите се над 30 Целзиусови степени.

-Погрижете се разликата во температурите во моторното возило и во надворешни услови да не биде поголема од седум степени за да нема несакани последици по здравјето при излегувањето од моторното возило. Доколку ви пречат сончевите зраци кои често ги изморуваат очите, користете очила за сонце. Бидете особено внимателни доколку возите за време на викенд кога е зголемена густината на сообраќајот, како и кога возите ноќе кога е намалена видливоста на патиштата, апелира РСБСП.

Ако се патува на подолги релации и се преминуваат граничните премини, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата советува без оглед на тоа колку време се чекало, да не се  зголемува брзината над препорачаната.

-Возете одморени и правате соодветни паузи со цел да стигнете безбедно на посакуваната дестинација, укажува  РСБСП во препораките за возење во летниот период, а ги  наведува и стандардните препораки за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, да не се употребува мобилниот телефон за време на возењето, брзината на движење да биде пропишаната, да не се престигнуваат непрописно други учесници во сообраќајот и да се користи сигурносен појас

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.