И најискусните возачи мораат посебно да се подготват кога тргнуваат на летен одмор и возат на температури над 35 степени. Жешкото време налага пред да тргнете на патување треба да ја проверите техничката исправност на возилото, особено уредот за управување, сопирачките, пневматичите, системите за ладење.

Избегнувајте да тргнувате веднаш по завршување на работно време, бидејќи организмот е уморен.

Додека патувате треба задолжително да направите и паузи. Пијте доволно течност и безакохолни освежителни пијалоци и не претерувајте со кафето. Јадете полесна храна, за да не бидете поспани, како и да избегнете стомачни проблеми.

Облечете удобна гардероба, која нема да ве тера на прекумерно потење. Немојте да возите во папучи или апостолки, секако не боси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.