Британска брачна двојка решила да го зачини својот годишен одмор на Барбадос со секс со локална девојка во нивната хотелска соба, но со тоа ги прекршиле строгите карантински правила на островот, пишува „Дејли меил“.

Ендру Лукер и Јулија Најтли на тој начин се приклучија на долгата листа на Британци, вклучувајќи ја и ѕвездата од реалното шоу „Love island“, Зара Холанд, кои ги прекршија строгите закони за пандемија на карипскиот остров.

По полноќ, еден чувар ја фатил Микаела Џејкас како го прескокнува ѕидот на хотелот „Treasure Beach“ и влегува во собата на парот. Повикал полиција, а тројката била уапсена додека уживале во коктелите на терасата на луксузниот апартман, одмарајќи од сексуалните игри.

Лукер, инаку директор на градежна фирма во Рочдејл и г-ѓа Најтли, козметичарка од Чидл Хјум, се изјасниле за виновни пред судот за кршење на одредбите за карантин.

Тројката беше казнет со 2.200 фунти за секој од нив, а беа ослободени со кауција од 7.000 фунти, со предупредување дека ги чека затвот од девет месеци доколку не платат во рок од седум дена.

Г-ѓа Најтли (41), инаку мајка на четири деца и квалификувана медицинска сестра, се најде во сите национални вести пред неколку години затоа што ги искористи своите провокативни фотографии пo долна облека за да ја промовира својата клиника за убавина.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.