Додека многумина се подготвуваат пеколните денови да ги поминат на море во Грција, секако дека не размислуваат за опасностите кои ги демнат на песочните плажи ширум летувалиштата.

Иако на сите на памет им паѓаат кражба или измама, опасноста често се наоѓа многу блиску, само на чекор од удобната лежалка каде уживате на сонце со звуците на брановите.

Најновата снимка од една грчка плажа ги запрепасти сите. Не неа се гледаат две змии во лута борба во близина на лежалки, кои на момент изледаат како двоглава змија од песокот. Ова сигурно ќе ги натера сите да внимаваат повеќе кога газат по врелиот грчки песок.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.