Ако некогаш сте размислувале за нов почеток, преселбата во некои од италијанските села и градови ќе ве воодушеви поради нивната понуда. Имено, тие планираат да им платат 28.000 евра на сите кои ќе сакаат да се вселат во некои од малите куќарки на планина или покрај море, но имаат два услови.

Властите во италијанскиот регион Калабриа, имаат нов план за решавањето на проблемот со намалената популација во градовите и селата. Тие објавиле посебна понуда – ќе им платат 28.000 евра на сите оние кои се заинтересирани да се вселат во некоја од куќите кои со години се напуштени.

Меѓутоа, италијанските власти наведуваат важен услов кој мора сите заинтересирани да го исполнат, потребно е парите да се искористат за започнување на сопствен бизнис или за вложување во некој од веќе постоечките локални бизниси.

Покрај тоа, во предвид ќе бидат земени само лицата помлади од 40 години и мора да се преселат во Калабриа 90 дена од моментот кога нивната апликација ќе биде прифатена. Италијанските власти се надеваат дека на овој начин ќе ги привлечат младите луѓет кои сакаат да работат и основаат семејство ќе ја ревитализираат целата област.

Да се потстетиме дека ова не е првпат италијанските власти да нудат вакви понуди со цел да се зголеми населението во селата. Во последните неколку година сѐ попопуларен е трендот за продавање на куќа за едно евро, а сѐ со цел да се ревитализираат локациите од кои Италијанците ги напуштаат за поголемите градови поради работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.