Грција

Според законите и регулативите на Европската Унија при влез во некоја од земјите-членки забрането е да се внесуваат месо и млечни производи. Иако Грција долго време беше толерантна по ова прашање, в последните неколку години контролите се засилени. Така, при влез во Грција забрането е внесување на месо од секој вид, вклучувајќи виршли, шунка, сувомеснати производи. Заборавете и на млекото, сирењето, јогуртот и павлаката.

За Грција важи и дека не смее да се внесуваат готвени јадења и лесно расиплици намирници.

Од друга страна, дозволено ви е да понесете овошје и зеленчук, со исклучок на компири. Може да имате два килограми млеко во прав за бебето, храна за посебни потреби и до два килограми храна за домашните миленици.

Дозволени се оризот, кекси, макарони, чоколадо, сокови и вода, но битно е вредноста на сите овие намирници да не е повисока од 300 евра по патник.

Хрватска

Исто како и Грција, и во Хрватска се применуваат законите на ЕУ во однос на внесување на месо и млечни производи, односно тие се забранети. Останатите прехрамбени производи се дозволени, но во ограничени количини.

Во Хрватска може да внесете до 5 килограми овошје и зеленчук, леб, чоколадо, кекс и останати кондиторски производи (шеќер, пудинг, слатки и сл).

Како и во Грција, и во Хрватска може да се внеат до 2 килограми млеко во прав за бебе и храна за посебни потреби.

Хрватите дозволуваат внес до 5 литри вино, 16 литри пиво, како и две литри од други алкохолни пијалоци (ракија, вотка и сл).

Црна Гора

И Црногорците се строги во однос на внесувањето на месо, но затоа дозволени се сите видови на благо, тестенини и останати нерасипливи продукти.

Дозволено е внес до 5 килограми на свежо овојшје и зеленчук, со исклучок на компирите. Без проблем ќе поминете на Царина и ако носите сушени печурки, свежо кафе, чаеви, какао.

Во Црна Гора е дозволен внес само на еден литар жесток пијалок, кој мора да е во оригиналната амбалажа. Може да понесете пет литри флаширана вода, пет литри сокови и останати безалкохолни пијалаци, како и килограм конзервирана храна.

Внес на тутун и цигари

Во воздушниот и поморски сообраќај дозволени се по 200 цигари или 100 тесни пури, 50 пури или 250 грама на тутун за пушење.

Доколку границата ја поминувате по копнен пат, дозволени се 40 цигари, 20 тенки пури, 10 пури или 50 грама тутун за пушење.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.