Шестгодишната Британка Ешлин Мендрик е најмладата планинарка која го освоила врвот Килиманџаро и тоа двапати за две недели по различна рута и во многу посурови услови.

Ешлин ги воодушевила и поискусните планинари, одбивајќи да ја носат или да ѝ помогнат со опремата, додека без ничија помош се искачувала на врвот на африканската планина, висока 5895 метри, пишува „Дејли мејл“.

До врвот Ухуру стигнуваат само две третини од оние кои тргнуваат кон него.

Ешли се надева дека еден ден ќе го освои и Монт Еверест, а за ова искачување ѝ била потребнa посебна дозвола од танзаниските власти, зошто вообичаена долна возрасна граница е 10 години.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.