Зимската сезона започна па многумина ќе заминат и на Копаоник.Овој центар важи за еден од најскапите па сигурно ве интересира какви се цените.

Тие се прилично „солени“. Пет кебачиња во ресторан чинат 1200 динари односно 600 денари. Еспресо и капучино се 80 наши денари. Две ракии 400 денари, греано вино 150 денари.

Сместувањето пак почнува од 80 евра за ден во приватните капацитети, а  во хотелите достигнува и 300 во зависност од местоположбата и категоризацијата.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.