Островот Сиаргао, едно од островите на Филипини е избран за најубав острвов на светот. Никој не останува рамнодушен кон белите песочни плажи и мирните и скриени шуми.

Овој остров има 200 илјади жители и иако е популарен, нема премногу туристи, што значи е идеален за бегство од секојдневието.

На островот нема интернационален аеродром, што значи дека ако планирате да го посетите прво треба да допатувате до Манила, Сингапур, Сеул или Хонк Конг. Оттука се лета до овој остров.

Сиаргао е познато како сурферска престолнина на Филипините. Има дури 15 места каде може да „фатите“ совршен бран. Има и многу школи каде што може да научите да сурфате.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.